X
 08.08.2023 Живот

„Рајски скали“ на Балканот станаа туристичка атракција

„Скалите до рајот“ на хрватскиот остров Лошињ често се прогласуваат за најубав влез на морето во светот, а се исклучително популарна локација за фотографирање.

Оние кои летуваат на островот Лошињ во Хрватска, покрај кристално чистото море кое ги има најубавите нијанси на сино во заливот Чикат, можат да видат и уникатен влез во морето - скалите кои водат до морето од вилата „Каролина“. Скалите се вистинска атракција.



Вилата во која припаѓаат има исклучително интересна историја, а изградена е во 1898 година. За неа се поврзуваат разни гласини и приказни за љубовни средби меѓу австроунгарскиот император Франц Јозеф и актерката Карина Шрат. Покрај оваа локација, островот Лошињ со својот архипелаг од пет населени острови сам по себе е туристичка атракција.

Воздухот на Лошињ се смета за лековит, благодарение на изобилството на медитерански растенија и посебната микроклима. Друга впечатлива карактеристика на островот е неговата архитектура, во која доминираат шарените фасади на куќите, како што е самата вила со „рајските скали“.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот