X
 28.07.2022 Живот

Ако не знаете каде да одите на летување, овие грчки острови се меѓу најубавите во светот

Списанието „Травел енд лижр“ ги одбра 25. најдобри острови на светот за патување оваа година. Меѓу нив има и три грчки острови: Милос, Парос и Крит.

Вулканскиот остров Милос се наоѓа на четвртата позиција, Парос на 12., а Крит на 22. место. На врвот на листата се наоѓа италијанскиот остров Искија. Кога станува збор за грчките острови на листата, секој од нив нуди нешто уникатно.

Милос

Древните урнатини и одличната кујна се најголемите квалитети на островот Милос, судејќи според читателите на списанието. На овој остров има и живописни рибарски сели, 75 плажи и подводни морски пештери. Тука била пронајдена и статуата Милоска Венера, која сега е изложена во „Лувр“.



Парос

Парос може да се пофали со единствени плажи со светлосино море, единствени таверни, бели куќи и традиционални цркви. На островот има и убави села, а за оние што сакаат водни спортови, Санта Марија е вистинското место.



Крит

Крит е познат по древната историја, пејзажите, безбројните плажи и убавите градови и места. Не треба да се пропуштат Хања и Ираклион, каде што има најубави плажи, многу атракции и прекрасни цркви.



Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот