X
 08.09.2015 Образование

Странски јазици кои денес вреди да знаете да ги зборувате

После своевидната демнострација на релативно течен кинески јазик, Марк Цукерберг импресионирани голем број Кинези и доби уште поголема почит од нив.

Обраќањето на потенцијалните деловни партнери на нивниот мајчин јазик, секако ќе ја олесни комуникацијата, но исто така ќе реализира и подобар резултат бидејќи ќе остави посилен впечаток и ќе изгледате повеќе како експерт.

Ви донесуваме шест јазици кои сервисот OneHourtranslation.com ги издвојува како најбрзо растечки и јазици (секако заедно со англискиот) кои вреди да се научат и во нив да го вложите вашето време и пари.

1. Шпански

Благодарение на новите економски и трговски можности се појави потребата од познавање на шпанскиот јазик. Пазарот во Мексико, Аргентина, Чиле, Перу, Колумбија, Венецуела и Шпанија бара познавање на индоевроспкиот романски јазик кој ги има истите корени како и англискиот па е лесен за учење.

2. Португалски


Португалскиот стана четврт најпреведуван јазик на популарниот сервис OneHourTranslation.com што е значаен индикатор дека станува збор за јазик чијашто популарност станува се` поголема. Трговскиот и економски развој на Бразил отвора многу можности за соработка, па оттука и повеќе престижни компании имаат корист од познавање на португалски.

3. Кинески

Учењето кинески во последните години е во пораст. Огромниот кинески пазар за голем број луѓет претставува голем предизвик, без разлика дали станува збор за увоз и извос, и псоред тоа е еден од јазиците за кој се исплаќа да вложите време и пари.

4. Руски

Русија има исклучително плоден пазар и токму тоа е една од главните причини за негово учење. Многуте можности за бизнис се причина да се обидете да го научите рускиот јазик, кој е доста сличен со словенските јазици и не е толку тежок за учење.

5. Арапски

Стотици милиони луѓе низ светот зборуваат арапски. Со оглед на развојот на многу сегменти на економијата и стопанството, се отвора пазар за многу компании кои таму можат да пронајдат различни можности за бизнис.

6. Германски


Со оглед на тоа што Германија има една од најстабилните економии во светот, со причина германскиот јазик станува се повеќе популарен и баран.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование