По с
è изгледа дека ова ќе биде голема година за фановите на „Apple“, бидејќи токму оваа година се одбележуваа 10 години од излегувањето на првиот „iPhone“.
фото извор: news.com.au
Според гласините, новиот смартфон „iPhoen 8“ ќе биде далеку попристапна цена отколку што се претпоставува, односно дека ќе чини речиси исто како и „iPhone 7“(околу 110 долари). Смартфонот наводно ќе содржи 256 GB меморија, технологии со зголемена реалност, 3Д сензори и квалитетен „OLED“ дисплеј. Се очекува телефонот да биде пуштен во продажба во септември.
Аналитичарите сметаат дека наводно, новиот смартфон ќе биде пуштен во продажба со бесплатни „Airpods“ – интересните „wireless“ слушалки.
Фацијалното препознавање, ласер, „OLED“ екран – ова ќе биде само дел од она што ќе го поседува новиот
смартфон. Се очекува да има и опција за „wireless“ полнење. Не се знае дали ќе биде присутно копчето „home“, но најверојатно целата предна страна на
телефонот ќе биде екран. Можно е и да има сензор за идентификување на отпечатоци од прсти, а каде што е менито да има виртуелен простор за функции каде што ќе може да се активираат апликации и музика.