X
 06.07.2015 Технологија

Селфињата официјално ги заменуваат лозинките


Уште од појавувањето на познатото „селфи“, светот полуде по овој фотографски тренд. Се прават селфиња од сè и сешто, а заразена е секоја нација во светот. И токму во моментот кога си помислувате дека не може да биде полудо, откриваме дека тоа е сосема можно и веќе се случува.

Имено, „Мастеркард“ ја користи фотографската технологија како начин за плаќање. Поточно, сè што е потребно е вашето лице да одговара на селфите во вашиот профил. На пример, кога порачувате облека онлајн и не се сеќавате на лозинката, доволно е да го направите селфи.

Извршен директор во „Мастеркард“ вели дека „новата генерација е по селфињата. Ќе биде кул и тие ќе го прифатат ова“. Значи, отсега воопшто не мора да помниме лозинки.

Новата функција сè уште е во тест фаза.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија