X
 21.08.2019 Живот

Најоддалечениот хотел во светот - 1.000 км околу градот нема ништо

Без автомобили и без сигнал за мобилен телефон, Источен Гренланд е најдалечното место до кое цивилизацијата може да дојде.

Градот Итокортормит, лоциран на работ на замрзнатото море, е единственото населено парче земја на ова прекрасно крајбрежје јужно од националниот парк Гренланд. Во центарот на ова мало село се наоѓа светлопортокалов хотел, за кој жителите се надеваат дека ќе ја поттикне кревката туристичка индустрија во најизолираниот агол на најненаселената земја во светот.

Густината на населението во Гренланд е 0,9 луѓе на квадратен километар, а три четвртини од вкупно 57.000 жители живеат во Нук, главниот град кој се наоѓа на западниот брег. Како резултат на тоа, речиси и да не постои човечко живеалиште во радиус од 1.000 километри околу Итокортормит, кој е полн со весело обоени куќи.

Токму и затоа хотелот во овој град се смета за најоддалечен во светот.

1
Фото: Hotels.com

Жителите на Итокортормит живеат живот што спојува две епохи. Тие имаат електрична енергија, централно греење и безжичен интернет и локален центар за рекреација, а прават и порачки од „Амазон“ кои пристигнуваат со чартер-авион еднаш на два месеца од Исланд. Но, јадат храна што ја ловат од тундрата или од морето и се облекуваат во палта со крзно од мечка и носат ракавици од кожа на фока.

Во слободно време одат на санкање со санки што ги влечат кучињата по снежните клисури. Нивните деца постојано се предупредувани да не одат подалеку од главните патишта, за случајно да не наидат на поларни мечки.

2
Фото: Hotels.com

Со децении тие правеле пари од ловење поларни мечки и китови, но Обединетите нации, поради стравот од исчезнување на видовите, му ставиле крај на тоа, терајќи ги жителите да ги отворат своите домови за странци што сакаат авантури и така да го промовираат туризмот.

Кога престојувате во напуштен град што се наоѓа на крајот од арктичкиот фјорд, безбедносната мрежа на современиот свет се чувствува многу далеку под вас. Единствениот знак на живот е ветерот што звучи исто морничаво како и волците што спијат во глутница во близина.

4
Фото: Hotels.com

Штом морето целосно ќе замрзне, тогаш може да одите на риболов - исечете дупка на површината и чекајте. Во овој период излегуваат поларните мечки од националниот парк Гренланд.

5
Фото: Melissa Twigg

Ефектите од климатските промени веќе оставаат свој белег. Поларните мечки воопшто не влегуваат во градот, но бидејќи мразот исчезнува, животните се принудени да се доближуваат до градот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот