Како знак за грижа за здравствените работници во градот Њујорк и во Велика Британија, кои во моментот се борат со пандемијата на Ковид-19, хотели нудат бесплатно сместување во текот на идните недели.
Тај Варнер, претседател на компанијата која го поседува „Фор Сизнс“ во центарот на градот Њујорк, оваа недела објави дека ќе го отстапи хотелот со 5 ѕвезди за да го користи државата. Ворнер вели дека тој бил инспириран да ги понуди собите откако слушнал како еден од гувернерите повикал на акција оваа недела.
- Многу од оние што работат во градот Њујорк мора да поминат долги релации до и од своите домови, по 18-часовен работен ден. Ним им е потребно место што ќе биде блиску до работните места и каде што ќе можат да се одморат. Го слушнав повикот за акција на еден од гувернерите на една од неговите прес-конференции, така што немаше друга опција освен да направиме сè што можеме за да помогнеме - изјави тој.
Постојат неколку болници во радиус од 30 блока на луксузниот
хотел, вклучувајќи ги Белеву, Медицинскиот центар „Вил Корнел“, „Лангон“ и „Маунт Синаи“.
Фото: Instagram
Во меѓувреме, во Манчестер, Англија, пензионираните фудбалски ѕвезди Гери Невил и Рајан Гигс ги нудат своите хотели за бесплатно сместување на здравствените работници.
Гигс и Невил се косопственици на хотелот „Фудбал“ и „Сток Ексчејнџ“. Иако двата хотела ќе бидат затворени за пошироката јавност, Невил оваа недела објави дека сите соби ќе им бидат понудени на медицинските сестри, лекарите и медицинскиот персонал што се бори со Ковид-19.
- Нашите 176 кревети ќе бидат окупирани од вработените во Националната здравствена служба и медицинските професионалци. Во ова време мислам дека целата наша индустрија треба да покаже солидарност, не само за нашиот персонал, туку и за оние на кои им е потребно сместување во наредните месеци - напишал Невил на својот твитер-профил.
Извор:
Good News Network