Луѓето обожаваат структури што се обидуваат да се спојат и да се вклопат во природата. Уште подобро е кога одат чекор подалеку и всушност додаваат зеленило.
Семстен во волшебен пејзаж, со поглед кон огромна водна површина и волшебно норвешко село, хотелот „Ејна“ во Норвешка ќе ве воодушеви. Хотелот нуди 20 нови кабини што ја опкружуваат главната зграда и имаат зелен покрив што изгледа како природно продолжение на природата.
Постарата структура на хотелот е изградена од бетон, додека новите додатоци се направени главно од дрво. Внатрешноста е од дрво и обезбедува пријатно, стилско прибежиште. Современите и скандинавски стилови се беспрекорно комбинирани во внатрешноста на кабината за да се создаде овој нов ентериер каде што формата и функционалноста наоѓаат место една до друга.
Извор:
Decoist.com
Фото: Green Advisers AS