X
 28.05.2025 Живот

55.000 евра за едно ноќевање - што нуди најскапата хотелска соба во Германија?

Луксузниот апартман „Крал Лудвиг“ во хотелот „Кемпински“ во Минхен деновиве повторно ги пречекува гостите, по шестмесечно реновирање кое чинело 1.400.000 евра. На социјалните мрежи е објавено дека ова е сега најскапата хотелска соба во Германија.

 
Што сè добивате за тие пари? Апартманот е со големина од 220 квадратни метри, има три спални соби и три бањи, а ѕидовите му се обложени со рачно изработени тапети во вредност од 250.000 евра.

Инспирација за просториите е самиот баварски крал Лудвиг II, а архитектонски ги осмислил Колин Финиган. Тука може да пишувате на бирото на кое австроунгарската царица Сиси му пишувала писма на својот сопруг, да имате личен батлер, да се капите во када вредна 100.000 евра и да уживате во погледот кон една од најпрестижните улици во центарот на баварската престолнина, наречена Максимилијанштрасе.

 
Генералниот директор на хотелот, Холгер Шрот, открива кои ќе бидат најчестите гости. Политичари, особено за време на Минхенската безбедносна конференција, но и страсни фудбалски навивачи за претстојното финале на Лигата на шампионите.

Се очекуваат богати бизнисмени, припадници на кралски семејства од Блискиот Исток и Европа, а веројатно и некои поп-ѕвезди и музичари кои ќе настапуваат во Минхен.

 
Извор: Rts.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот