X
 14.04.2021 Живот

Портрети од семејствата во нивните домови за време на пандемијата

Жена-фотограф од Ирска успеала да направи семејни портрети од луѓе за време на заклучувањето, фотографирајќи ги низ прозорците.

Невообичаените портрети направени преку прозорците на домовите се дело на Рут Меџбер, успешен музички фотограф, која живее во Даблин.

Ирска беше под строги мерки на заклучување во поголемиот дел од изминатата година, а луѓето поголем период од денот мораа да останат во нивните домови.

Инаку, Меџбер фотографира врвни музички акти и фестивали, но кога во Ирска беше воведена мерка за заклучување во март 2020 година, нејзината работа паузираше, па таа ја искористи можноста да направи нешто различно и нешто што одамна сакала да го направи.

3

- Ја имав идејата, но бидејќи претходно немаше никаква важност и беше чист воајеризам, не се осмелив. Но потоа се случи заклучувањето во земјата, па сфатив дека сите се дома. Се сетив на идејата што ја добив пред неколку години и веднаш помислив дека сега има големо значење - вели таа.

Прво си поставила цел да фотографира само 16 дома, доволни за објава на „Инстаграм“. Откако ги објавила, главниот ирски национален весник „Ајриш тајмс“ ги објавил сликите на насловната страница, па била преплавена од барања од луѓе да ги фотографира.

- Добив идеја дека треба да го направам ова и дека не треба да биде само во Даблин. Така, седнав во автомобил и возев низ цела Ирска, фотографирајќи секоја вечер во период од три и пол месеци - вели таа.

2

На крајот, таа успеала да фотографира повеќе од 150 домаќинства и 500 луѓе за она што подоцна ќе стане книга „Заедно во самрак: Портрети од Ирска дома“, објавена минатата година.

- За голем дел од луѓето што ги фотографирав, бев првата личност што ја виделе во период од шест, седум, осум недели. Затоа, за нив фотографирањето беше забава. Беше нешто за кое можеа да се дотераат. Беше навистина забавно - вели таа.

4

Како што вели, целото искуство било вистински предизвик. Честопати морала да спие во автомобилот и многу пати била запрена од полицијата, која проверувала дали има дозвола да биде надвор за време на заклучувањето. Верува дека желбата на луѓето за портрети потекнува од тоа што сакале да го одбележат ова комплицирано и многу тешко искуство. Таа вели дека на книгата гледа како на нешто што ќе им ја прикаже пандемијата за генерациите што нема да ја помнат.



ГАЛЕРИЈА

Извор: Abcnews.go.com
Фото: Ruth Medjber
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот