X
 21.12.2016 Култура

Што се случило со знамињата поставени на Месечината?

Првиот објект направен од човечка рака, кој стигнал до Месечината беше советската „Луна 2“ мисија на 13 септември 1959 година.

 

2


Но, американскиот „Аполо 11“ остана запомната како првата емисија со тим на астронаути кои слетале на Месечината на 20 јули 1969 година. Во периодот од 1969 година до 1972 година, биле реализирани вкупно 6 мисии. До денес, Америка е единствена земја која успешно го извела слетувањето на Месечината (доколку не навлегуваме во теориите на заговор).

Во овој период, екипите поставиле дури шест знамиња (сите американски) на Месечината. Што се случило со нив во текот на овие 40 години?

Првото знаме исчезнало. Имено, Баз Алдрин се среќава како после полетувањето од Месечината, го видел прво во воздух, а потоа како паѓа на земјата после лансирањето.

Се верува дека знамињата од мисиите „Аполо 14“ и „Аполо 15“ исто така паднале или се распаднале. Сепак, експертите се сигурни дека знамето од мисијата „Аполо 12“ се'уште е на своето место. Како докази ги наведуваат сателитските снимки кои покажуваат сенка која се поклопува со поставеното знаме. Слично е и со мисиите „Аполо 16“ и „Аполо 17“. Но, тие додаваат дека поради УВ зрачењето, знамето избледело.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура