X
 08.11.2016 Култура

Тери Прачет: „Не одев на факултет. Немав ни десетки. Но, сочувствувам со тие кои имале“

Авторот на серијата научно-фантастични книги, Discworld, Тери Прачет во неговиот живот продал повеќе од 85 милиони книги ширум светот, а беше препознатлив по неговиот луциден и духовит стил. Ви споделуваме неколку од неговите најдобри афоризми. 

1. Фантастичните приказни често ги вознемируваат оние на кои тоа им недостасува.

2. Образованието е нешто како полово-пренослива болест. Ве прави неподобни за многу работи, а имате потреба да го пренесите.

3. Можеби вистината е негде надвор, но лагите се во вашата глава.

4. Стварната глупост секогаш ја победува вештачката интелигенција.

5. Не одев на факултет. Немав ни десетки. Но, сочувствувам со тие кои имале.

6. Се вели дека пред смртта цел живот ви минува пред очи. Токму така, тоа се нарекува живот.

7. Само на сон сме слободни. Во остатокот од времето ни треба плата.

8. Пет извичници се сигурен знак за мрднат ум.

9. Оданочувањето е софистициран начин на барање пари со заплашување.

10. Пенкалото е помоќно од мечот, ако мечот е прекраток, а пенкалото „преостро“.

11. Повеќето големи триумфи и трагедии во историјата не се предизвикани од луѓето што во основа биле добри или лоши, туку од луѓето кои во основа биле луѓе.

12. Човечките суштества го прават животот многу интересен. Дотолку што, во универзумот преполн чуда, успеале да ја измислат досадата.

13. Мудроста доаѓа со искуството. Искуството најчесто е резултат на отсуство на мудрост.

14. Лично мислам дека најдобро мото за образовна институција е: „Радо би биле мулиња?“

15. Подобро би бил мајмун во подем, отколку паднат ангел.

16. Фантазијата е како статичен велосипед за умот. Можеби нигде нема да ве однесе, но ќе ви ги развие „мускулите“ што можат да го сторат тоа.

17. Не прекинува магијата, иако сте научиле како се постигнува.

18. Злото се појавува кога ќе почнете луѓето да ги третирате како предмети.

19. Во секоја здрава личност постои лудак што се мачи да излезе.

20. Времето е дрога. Претераната „доза“ може да ве убие.

21. Толку многу вселена, а колку малку време.

22. Му ја давам својата душа на оној Бог што ќе успее да ја најде.

23. Велат дека малку знаење е опасна работа, но не е полоша од многу незнаење.

24. Интелигенцијата на креатурата позната како толпа е квадратен корен од бројот на луѓето во неа.

25. Ако не направите приказна од својот живот, ќе станете само дел од нечија друга приказна.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура