X
 08.11.2018 Забава

Бил Гејтс на презентација однесе тегла со измет

Милијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на еден од своите говори во Пекинг донесе тегла во која имаше човечки измет. Тоа беше дел од неговата презентација на саемот „Реинвентед Тојлет Експо“, на кој тој ги претстави новите технологии што би требало да се применуваат во тоалетите.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс во изминатите седум години потрошила повеќе од 200 милиони долари за истражување на тие производи. Додека Гејтс го држеше говорот, на екранот зад него беа претставени најмодерните санитарни производи наменети за уништување на штетните бактерии и за спречување болести.

- Морам да признаам, пред десет години не ни замислував колку ќе научам за изметот и никогаш не помислив дека Мелинда ќе ме преколнува да престанам да зборувам за тоалетот и фекалиите на вечерите - рече Гејтс.

Тој помогна во организирањето на тридневниот настан во Кина, а претседателот на таа земја, Си Ѓинпинг, таканаречената „тоалетна револуција“ ја прогласи за еден од приоритетите на земјата.

Санитарните производи прикажани на саемот ја претставија новата технологија со која се настојува да се спречат разни болести.
Подготвил: Билjана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава