X
 15.03.2018 Образование

Средношколци не одложувајте, студирајте на Економски при УКИМ!

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја започна својата кампања низ средните училишта во градот Скопје, каде ќе ja презентира својата наставна програма.  Кампањата е дел од проектот на Град Скопје, со наслов „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми”.



Економскиот факултет е најпрестижната високообразовна институција во високото образование, лидер во образованието на кадри од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија, и веќе 68-ма година придонесува во образување на висококвалитетни кадри кои се најбарани на пазарот на труд. Во моментов на Економскиот факултет студираат над 5.000 студенти на прв и втор циклус студии по наставен план и наставни програми кои се оценети како современи и компатибилни со наставните планови и програми на водечките економските факултети од целиот свет.



На првиот циклус на студии, наставните дисциплини се разграничени во седум оддели преку кои се профилираат знаења од следниве области:

• Е-бизнис
• Економија
• Маркетинг
• Менаџмент
• Надворешна трговија
• Сметководство и ревизија
• Финансиски менаџмент

Студиските програми на сите степени на студии се во согласност со болоњскиот процес во Европската Унија и со европските искуства, со целосно прифаќање и имплементирање на европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), со што се овозможува разумно оптоварување во текот на студирањето, поголема изборност на предметите што се од интерес на студентите, како и нивна поголема мобилност.



Вo периодот од 15 до 30 Март 2018 година, наставен кадар од Економскиот факултет ќе биде во посета на повеќе средни училишта во Скопје, вклучувајќи ги средните училишта со гимназиско образование и средните училишта со стручно економско-правно образование. За време на посетата претставници од факултетот ќе ги презентираат различните наставни програми на Економскиот факултет и ќе одговорат на прашањата на сите заинтересираните средношколци.

Распоред за презентација на наставна програма Економски факултет – Скопје

 

Училиште

Датум

Време

1

Орце Николов

15.03.2018

13:00-13:45ч

2

Никола Карев

15.03.2018

15:30-16:00ч

3

Георги Димитров

19.03.2018

14:00-14:45ч

 

4

Јосип Броз Тито

22.03.2018

11:30-12:00ч

 

5

Арсени Јовков

23.03.2018

11:00-11.30ч

6

Цветан Димов

23.03.2018

15:00-15:30ч

7

Зеф Љуш Марку

26.03.2018

11:40-12:20ч

8

Кочо Рацин

26.03.2018

15:00-15:30ч

9

Васил Антевски Дрен

27.03.2018

Дополнително ќе биде дефинирано

 

10

Панче Арсовски

30.03.2018

11:00-11:45ч

11

Раде Јовчевски Корчагин

30.03.2018

11:15-12:00ч




Економскиот факултет ги повикува сите заинтересирани да дојдат во назначените термини за да се запознаат со наставната програма  на факултетот и со можностите за студирање. Повеќе информации на нашата веб-страница  или на „Фејсбук“  страницата на Економски факултет-Скопје.

Средношколци не одложувајте, студирајте на Економски при УКИМ!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование