X
 08.11.2020 Живот

Хелсинки нуди можност за 90-дневно „тестирање“ на животот во градот

Во обид да привлече нова работна сила, главниот град на Финска, Хелсинки, нуди програма за „тестирање“ на животот во градот. Агенцијата „Хелсинки бизнис хаб“ ќе финансира бесплатен пакет за релокација со времетраење од 90 дена во Хелсинки за професионалците од технолошките области што сакаат да се преселат таму.

Во рамките на програмата агенцијата ќе ги покрие осигурувањето и образованието за семејството на работникот во период од 90 дена и ќе му помогне да најде сместување и да се запознае со животот во Хелсинки. Сепак, работниците треба сами да ги покријат трошоците за сместување и патување.

Агенцијата ветува и дека ќе ви помогне да аплицирате за постојан престој во Финска доколку одлучите да се преселите таму.


Фото: Pixabay

Ќе бидат одбрани само 15 кандидати кои ќе добијат можност да го тестираат животот во Хелсинки, а пријавувањето трае до 10 декември. Главната целна група на Финците се професионалците што работат во Силициумската долина во САД.

Кога станува збор за животот во Финска, постојат повеќе причини зошто некој би се одлучил да се пресели таму. Хелсинки беше прогласен за најсреќно место за живот годинава, а здравственото осигурување е бесплатно. Земјата има одличен образовен систем и претставува еден од главните центри за привлекување инвестиции во Европа.

Официјалната веб-страница на програмата може да ја најдете овде.

Автор: Кирен Мекарти
Извор: theregister.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот