X
 18.01.2022 Забава

Жителка на Лапонија оди во супермаркет со санка која ја влече ирвас

Една жена во Лапонија, најсеверниот регион на Финска, стана светски позната откако објави видео од нејината санка која ја влече ирвас. Џанита Кентала открила на „Тик-ток“ дека патува до супермаркетот со ирвас бидејќи е поеколошки и поевтин начин во време кога цените за гориво се високи.

Во нејзината објава, таа вели дека бензинот чини 2 евра за литар, а секое патување во Лапонија трае долго. Видеото има илјадници коментари.

Во него таа носи традиционална облека, а нејзината санка ја влече нејзиниот 3-годишен ирвас Солина.

@janita_inlapland Just on my way to supermarket ❤️ #ecofriendly #reindeer #fourwheeler #fastandfurious ♬ I just came to say AY YO by Boxout - Boxout


Кентала е претседател на туристичка агенција во Лапонија која користи санки влечени од ирваси и кучиња.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава