X
 08.11.2022 Образование

Учениците и студентите сѐ почесто користат „Тик-ток“ за учење, но мрежата е полна со дезинформации

Сè повеќе ученици и студенти учат со помош на социјалните мрежи наместо да користат традиционални методи. Особено се популарни инструкциите на „Јутјуб“, но и на „Тик-ток“, каде што младите следат „хаштази“ поврзани со образование и брзи лекции.

Меѓутоа, дезинформациите не се реткост на социјалните мрежи, а мрежите не ја отстрануваат неточната содржина во многу случаи, според истражување на „Њусгард“. Едно од пет видеа на „Тик-ток“ за актуелни теми, како руската инвазија на Украина, коронавирусот или климатските промени, содржи неточни информации.

Резултатите од пребарувањата на оваа социјална мрежа се помалку точни од „Гугл“, но „Тик-ток“ настојува да се наметне како платформа за учење. Годинава социјалната мрежа започна кампања во која ги поттикнува корисниците да откријат што научиле преку „Тик-ток“.

Од социјалната мрежа изјавиле дека нивните правила се дека опасните дезинформации се забранети и ќе бидат отстранети.

Во текот на вториот квартал од 2022 година „Тик-ток“ отстранила 113 милиони видеа кои ги прекршувале правилата на социјалната мрежа, но помалку од 1 отсто од нив биле отстранети поради ширење дезинформации.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование