Без оглед дали ја сакате или не, таа е најпознат таблоиден новинар во Африка. Сега таа се надева дека ќе ја надмине популарноста на„Facebook“ со нејзината сопствена социјална мрежа, за која таа вели дека достигнала 50.000 обожаватели уште првиот ден.
Линда Икеји, поранешен модел од Лагос, Нигерија, вели дека нејзината социјална мрежа,
LIS (Linda Ikeji Social) има нешто што другите го немаат: едношалтерски пристап за купување било што онлајн.
Само за шест дена, мрежата има 86.000 следбеници. Во текот на следните пет години, Икеји се надева да биде новиот „Facebook“.
„Facebook е мојот конкурент- рече бизнис жената за
Си-Ен-Ен, која е позната по нејзиното таблоидно известување, што многумина го критикуваа за промовирање на озборување и неа поради недостаток на кредибилитет.
Во 2014 година нејзиниот блог беше под лупа на обвинение за плагијат и нефер користење на фотографии што доведе платформата за блогирање Blogger, водена од „Google“, да ја стави вон употреба.
Мрежата планира да им плати на корисниците околу 25 долари за оригинални содржини за вести. Целта на бизнисот е да се даде на онлајн заедницата. Стратегијата може да значи заработувачка за корисниците и за социјалната мрежа, која добива помош со привлекување луѓе да се најавуваат и регистрираат.
„Ситуација од која двете страни се победници. Со тоа што сте на нашата страна ни носите профит, но во исто време ние ќе споделиме дел од тој профит и за вас“- објаснила Икеји.
Бизнис од милон долари
Икеји е насекаде во онлајн сферата, со 1.32 милиони следбеници на
Twitter и 796.000 следбеници на
Instagram. Таа се прослави пред 10 години кога беше модел. Во еден момент наишла на блог пост за неа. „Ми се допадна и сакав да почнам со мој блог. Во тој период блоговите беа повеќе лични нешта во животите на луѓето. Јас сакав нешто поинтересно. Сакав да озборувам и да објавувам вести и им дадов нешто различно на луѓето. Тоа беше блог за познатите: луѓето знаеја која бев и беа заинтересирани за она што го правев“.
Се чини дека функционираше. Нејзиниот
блог денес има 7 милиони гледаност секој ден и е особено популарен кај луѓето од Нигерија кои живеат во странски земји како: Кина, Дубаи и Америка. Без оглед колку популарна и успешна е, за некои луѓе Икеји е контраверзна личност и за неа велат дека се збогатува од озборување.
Сепак таа не е многу загрижена за тоа: „Некои луѓе може не се согласуваат со мене и начинот на кој што ги правам нештата. Тие ќе ме критикуваат и ќе го искажуваат своето мислење, што е сосема во ред за мене“.