X
 08.12.2016 Образование

На децата им забрануваме да зјапаат во екран, а ние самите сме зависни од нив

Родителите поминуваат повеќе од 9 часа дневно пред телевизор, компјутер и други електронски уреди, но истовремено себеси си даваат високи оценки како пример за своите деца кога станува збор за навиките со уредите, покажува новото истражување.

Според резултатите, родителите се исто така доста позитивни кога станува збор за улогата на технологијата во животот на нивните деца но се внимателни кон ризиците кои технологијата може да ги предизвика како што е помалку спиење и претерано онлајн ширење на информации.

Истражувањето, направено на 1.786 родители во Америка покажува дека тие во просек поминуваат 9 часа и 22 минути пред екраните, а поголемиот дел од тоа време - 7 часа и 43 минути поминуваат во лична употреба на медиумите, додека 90 минути поминуваат пред екраните на работното место.

Истражувањето го направила непрофитната компанија „Common Sense Media Group“ и Центарот за медиуми и човечки развој на Универзитетот Нортвестерн. Две третини од испитаните родители (67%), изјавиле дека следењето на електронските уреди и профилите на нивните деца на социјалните мрежи е многу поважно отколку нивната приватност.

Директорот на компанијата, Џејмс Стајер вели дека за него било неверојатно колку многу родителите ја користат технологијата и колку е голема разликата помеѓу нивните навики и тоа како себеси се гледаат, и како ги гледаат своите деца.

„Сепак 78% од сите родители веруваат дека се добар пример за своите деца кога станува збор за социјалните медиуми и технологијата“, покажува истражувањето.

94% од родителите веруваат дека технологијата помага во домашните задачи и образованието на децата, а 89% од нив веруваат дека токму технологијата ќе ги подготви нивните деца за професиите во 21 век.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование