X
 08.12.2024 Живот

За младинскиот првак во шах, наши наставници се дружеа со нобеловци, за студиите по електроенергетски системи... Што пишувавме неделава?

Никола Павлески, младински првак во шах: „Желба ми е да ги освојам сите шаховски титули и да стигнам до македонската репрезентација“

Никола Павлески, средношколец од Прилеп, моментално е со најдобар рејтинг во класичен шах на младинци до 16 години во Македонија. Тој годинава е добитник на наградата „3 Ноември“ што традиционално ја доделува градот Прилеп по повод Денот на ослободувањето.


„При создавање образовна средина, треба да се земе предвид функционирањето на мозокот за подобри резултати кај учениците“: Наши наставници споделија искуства со нобеловци

„Иако секој образовен систем се разликува според специфичностите на своето поднебје, сите се согласивме дека добрите практики треба да се споделуваат и адаптираат на локалните потреби, но клучно е тие да останат автентични и соодветни на специфичните потреби на учениците“, е заедничкото мислење на наставниците и научниците – добитници на Нобелова награда по Светскиот самит за наставници во Стокхолм.


Зошто е намален интересот за студиите по електроенергетски системи: Средношколците покажуваат повеќе интерес за технологии кои им се дел од секојдневието

Во последните неколку години е намален интересот за студирање на насоките на факултетите кои покриваат области што ќе бидат клучни во следните десетина години, каква што е енергетиката.

Издвојуваме

Живот