По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите до отворањето на скијачкиот центар, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој додаде дека во моментов се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.
Минатиот месец тој објави дека овој скијачки центар ќе располага со:
❄️Ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час
❄️Скијачки појас со капацитет од 800 лица
❄️Четири сезонски вртелешки
❄️Мобилна пумпа
❄️Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар
❄️Филтри 4 броја
❄️Хидрант 4 броја
❄️Снежни топови 2 броја
❄️Заштитна мрежа 20 броја
Според објавеното, инвестицијата е вредна околу 240 илјади евра.