X
 09.01.2017 Живот

Млада Пакистанка зборува колку ригорозна е нејзината земја

20-годишната Захра Хајдер од Пакистан, раскажува како изледа сексуалниот живот на младите жени во таа муслиманска земја.

Пакистан е исламска земја со најголем број жители кои гледаат порно-филмови. Таа изјава претставува еден посебен аспект на пакистанската култура: возбудени сме и нам ни треба секс, но Бог не ни дозволува да преземеме што било во врска со ова прашање.

Имено, сексот е табу-тема во Пакистан. Иако патријахалното општество не ги осудува мажите заради тоа, доколку станува збор за млада жена од средниот или понискиот слој која практикува предбрачен секс, тогаш работите стануваат сериозни.

Вонбрачниот секс се казнува со каменување

Жените од пониските слоеви можат да станат жртви на различни облици на казнување. Казнувањето на жените кои имаат предбрачен секс почнало за време на поранешниот диктатор Зија ул Хаки, период кога се востановила исламизацијата што предвидувала Зина (каменување до смрт) или Худуда (казна што вклучува камшикување и ампутација). Неговата влада донела закони според кои жртвите од силување биле осудувани на затворски казни. Тие драконски мерки во повеќето општества полека изумираат, но сè уште се актуелни во круговите на радикалните фундаменталисти, имамите и полицијата. Шеријатот може да се обвинува  за многу дискриминаторски политики во муслиманските земји, како што се недоволната поддршка за слободата на говор, женските права и секако, на човековите права воопшто.

pakistan
Фото: YouTube

Имав секс по автомобили и хотелски соби

Иако пред на заминам на студии во Канада во 2012 имав секс со десетина луѓе, никогаш за тоа не зборував отворено. Кога се сеќавам на тие времиња, сфаќам во колкава мера ја потиснував својата сексуалност.

Заради сите наметнати рестрикции кои нè ограничуваа во тие млади, страсни години од животот, принудени сме да станеме креативни подоцна во текот на животот.

До оргазам можевме да стигнеме на еден од следните начини: секс во автомобил некаде во пустелија или со притајување во собата на моето момче во глува доба од ноќта. Се разбира, цело време морав да внимавам да не дознае мојот самохран татко, бидејќи сигурно би полудел.

Хотелските соби при тоа ми беа од голема помош. Исламабад, градот каде што пораснав, имаше два хотели каде ноќевањето чинеше меѓу 150 и 200 долари, што за тинејџери беше незамислив износ. Но доколку успеете на некој начин да ја платите собата, момчето ќе мора прв да оди во неа, а вие да почекате 15. минути па потоа да му се придружите на партнерот.

Поминав низ пекол

Доколку ве фатат, ве очекува гадна казна. Мојот дедо, на пример,  го истепа до смрт сопругот на мојата тетка за да ја заштити нејзината чест. А кога моите родители дознаа за мојата прва индискреција, ми одржаа мелодраматична лекција дека си ја уништувам својата иднина и ми забранија да се гледам со момчето (откако ги известија неговите родители и школото каде што учев).

Истражувањето на сексуалноста низ облекувањето, исто така ми беше незамисливо затоа што морав да носам широки маички кои требаше да го сокријат обликот на моите гради. Кога пред мојот 19. роденден заминав за Канада, го задржав истиот стил на облекување. Брзо сфатив дека повеќето Пакистанци кои дошле тука воопшто не се промениле – сите и натаму се полни со предрасуди.

Еднаш завршив во креветот на еден Пакистанец кој имаше цимер од Пакистан, исто така. Ми беше многу непријатно затоа што знаев дека ме осудува. Сепак некако успеав да се опкружам со различни луѓе, култури, вредности и начини на размислување. Со нивна помош набрзо сфатив дека не постои никаква причина да се срамам од тоа што сум или што сакам да бидам.

Пакистанците избегнуваат орален секс

Никогаш не сум била особен верник и сакам да мислам дека немам предрасуди. Но, средбата со Торонто и секс-шоповите, дефинитивно ми претставуваше сексуален и кулурен шок. Да се доживее сексот толку јавно ми беше премногу. Освен тоа, забележав дека жените со потемна боја на кожа овде се сметаат за егзотични што исто така не ми се допаѓаше, затоа што не сум животно во зоолошка градина.

Како што реков, за сексот тогаш баш и немав поим. Не знаев дури ни како се мастурбира, а сите мажи со кои бев дотогаш (сите беа Пакистанци) не беа воодушевени орално да ме задоволат. Откако почнав да практиквам секс со странци на кои тоа не им беше пробем, сфатив колку можам да уживам во тоа.

Во Канада целосно се ослободив

Како што сексуалноста ми стануваше сè помалку непозната, отворив профил на Тиндер и се најдов со неколку ликови. Со некои беше генијално, а некои мислеа дека сум малку досадна за нивниот вкус. Сè што некогаш посакував да станам, денес веќе сум – самоуверена жена која ужива во својата сексуалност и не ѝ е грижа што мислат другите за неа.

Преселувањето во Канада многу ми помогна во тоа, а и мило ми е дека веќе не мора да плаќам по 200 долари за некој брзински секс, но многу ми е полесно да уживам во сексот знаејќи дека не мора да се кријам од никого.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот