X
 18.11.2021 Живот

Пакистанскиот парламент донесе закон - сериските силувачи ќе бидат хемиски кастрирани

Силувачите осудени за повеќе напади во Пакистан ќе бидат хемиски кастрирани откако тамошниот парламент донесе нов закон по повеќе напади врз жени и деца, пренесе „Дејли мејл“. Законодавците го одобрија законот со кој, исто така, ќе се овозможи и побрзо пресудување преку воспоставување специјални судови кои ќе ги следат случаите на сексуални напади.

Хемиската кастрација вклучува користење лекови за намалување на тестостеронот и од 2016 година се користи за педофили во Индонезија, а од 2006 година за силувачи на деца во Полска.

Потегот следува по протестите на јавноста поради зголемувањето на бројот на силувања на жени и деца во Пакистан по неефикасни истраги и судски гонења на случаите.

Се предвидуваат и посебни кризни соби во јавните болници каде што жртвите ќе можат да го пријават нападот и да добијат медицински преглед по неколку часа од нападот.

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за групно силување ќе бидат осудени на смрт или доживотен затвор, а сериските силувачи може да бидат подложени на хемиска кастрација.

Извор: Daily Mail
Фотографија: National Assembly of Pakistan (Facebook)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот