X
 14.11.2024 Живот

Сосема поинаков изглед на Фонтана ди Треви - на туристите не им е дозволено да фрлаат парички

Од неодамна барокната Фонтана ди Треви во Рим изгледа сосема поинаку - инсталирана е метална патека за да им понуди на туристите малку поинаков пристап, додека работниците го започнуваат макотрпниот процес на внимателно чистење.

Шеталиштето, направено од скелиња и покриено со винилен тепих, може да прими 130 луѓе во исто време, давајќи им можност на туристите одблизу да ја погледнат статуата на Океанус и неговата кочија. Сепак, има и предупредување за оние што ја посетуваат атракцијата бидејќи сега е забрането фрлање парички во фонтаната, што беше долгогодишна традиција. Всушност, секој што ќе го стори тоа ќе се соочи со казна од 50 евра. Дозволено е фрлање монети само во малиот привремен базен помеѓу шеталиштето и плоштадот.

Проектот за чистење и реставрација, кој чини 330.000 долари, ќе трае до декември, според изјавата на градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.

- Целта е да се подобри искуството на посетителите за да се восхитуваат на фонтаните и да се избегне пренатрупаност. Затоа постои ограничување на бројот на луѓето што можат да останат на ова шеталиште. Но, дури и по завршувањето на работите, ќе има ограничување на бројот на луѓе - објаснил тој.

фотоизвор: Reuters

Секоја година повеќе од 1,5 милион евра се отстрануваат од фонтаната и ѝ се даваат на католичката добротворна организација „Каритас“.

Откако фонтаната ќе се врати во нормала и ќе се наполни со вода, градот сака да имплементира систем за издавање билети за да се ограничи метежот. Градоначалникот вели дека тоа ќе го подобри искуството на туристите.

Извор: klix.ba

Фото: Reuters

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот