Честопати имате желба да дојдете до информации што не сакате да ги споделите со околината или да погледнете нешто без да дознаат личностите со кои го делите компјутерот.
Каков и да е вашиот мотив, вие го користите анонимниот начин на работа во вашиот веб-пребарувач верувајќи дека зад себе не оставате дигитална трага што ќе ве издаде, нели? Точно, но во одредена мера.
Кога користите анонимно сурфање, вашата активност нема да ја видат само луѓето што имаат пристап до уредот на кој сте го извршиле пребарувањето, како телефонот, таблетот или компјутерот.
Фото: Alamy
Еве како работите функционираат во анонимниот режим на работа. Замислете дека сте купиле нов мобилен, од кој подоцна сте им се јавиле на пријателите и сте им испратиле СМС-пораки. Замислете потоа дека сте го вратиле на фабричка функција и така сте ги избришале сите податоци од него. На самиот уред нема повеќе податоци за повиците и пораките. Но тие и понатаму се на мобилниот телефон. Сте го избришале само она што ви било непосредно достапно.
Слично е и со историјата на пребарувањето. Може да ја избришете од компјутер, но ако за време на пребарувањето сте логирани на вашиот профил на „Гугл“, податоците остануваат забележани во облакот на компјутерот. Проверете сами што имате зачувано во
My Activity.
Што ако не сте логирани? „Гугл“ потешко ќе ве следи, но делови од веб-страниците што сте ги посетиле остануваат зачувани како привремени податоци (cache). И од нив треба да се ослободите.
Ако сте суперпараноични, можеби целосно ќе го избришете
компјутерот. Не еднаш, туку повеќе пати. Трагите од вашето патување низ веб-страниците сепак ќе останат бидејќи вашиот интернет-провајдер ги следи сите веб-локации што сте ги посетиле и сѐ што сте презеле и гледале. И знае каде живеете. Буквално.
Тоа можете да го заобиколите со користење виртуелна приватна мрежа (virtual private network, VPN), што вашата активност ја прикажува како да дошла од друга локација и ја енкриптира. Но и VPN следи сѐ што правите и располага со докази за вашето пребарување и веб-локациите што сте ги посетиле.
Не е толку проблем што до овие податоци може да дојдат органите на редот, туку што можат да се најдат во рацете на огласувачите, спамерите, хакерите и криминалците.