Популарноста на онлајн-курсевите е неспорна. Курсевите на интернет се одлични за зафатените лица кои не можат да посетуваат класични предавања и часови, а сакаат да совладаат некоја вештина или да научат нешто ново. Но, со толку многу понудени области, кој да се одбере? „Open colleges“ нудат одличен водич за избирање совршен онлајн-курс.
Доколку сакате да смените кариера
Педагогија
Наставниците и педагозите се потребни во многу развиени земји ширум светот, а онлајн-курсевите може да бидат почеток за промена на кариерата во оваа област. Најдете курсеви од областа
ОВДЕ.
Ветерина
Друга алтернатива може да биде работата со животните. Може да добиете сертификат за грижа за животни со „Open colleges“. Најдете ги курсевите
ОВДЕ.
Доколку сакате да напредувате во кариерата
Услуги
Постојат курсеви со кои може да добиете вештини за менаџирање во областа. Пронајдете повеќе такви
ОВДЕ.
Советување
Можност за користење на вештините за комуникација е работа како советник. Диплома во советување од „Open colleges“ може да ве научи како да им помагате на луѓето со проблеми на соодветен начин. Најдете ги курсевите
ОВДЕ.
Доколку сакате да бидете подобри во тоа што го работите
Лидерство и менаџмент
Може да добиете диплома во овие две области, со што добивате и вештини корисни за работното место. Курсевите најдете ги
ОВДЕ.
Тренинг
Во кариерата може да напредувате и со пренесување на вештините и знаењето. Добијте сертификат за тренинзи со некој од
ОВИЕ курсеви.
Доколку барате хоби
Фотографија
Сертификатот за фотографија е совршен за почетници и со него ќе ги научите основните правила за користење дигитална камера. Најдете ги курсевите
ОВДЕ.
Креативно пишување
Доколку се интересирате во книжевноста и пишувањето, ова е за вас. Научете ги основите на креативното пишување со некој од курсевите
ОВДЕ.