Студиото „Универзал“ го објави првиот трејлер за „Ренфилд“, филм за Дракула во кој улогата на славниот вампир ја толкува Николас Кејџ. Дракула не е главниот лик во филмот. Наместо тоа, протагонист е десната рака на трансилванискиот гроф, Ренфилд, кој го игра актерот Николас Холт.
Ренфилд започнува како верен слуга на Дракула, но постепено се разочарува од злобните дела на грофот. Љубовта кон службеничка во сообраќајната полиција ќе го поттикне Ренфилд да размисли за својот поглед на животот и подготвеноста да продолжи да му помага на Дракула.
Во филмот глумат и Аквафина, Бен Шварц, Адриан Мартинез и други. Во записите на Брам Стокер, Ренфилд е прикажан како затвореник во лудница кој јаде живи суштества бидејќи верува дека нивната крв ќе го направи бесмртен. На крајот се дознава дека Ренфилд така постапува бидејќи Дракула му го испрал мозокот.
Филмот „Ренфилд“ е режиран од Крис Мекеј. Филмот ќе пристигне во кината на 14 април.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)