X
 26.10.2021 Култура

Мето Јовановски награден на „Киненова“ за особен придонес

Наградата за особен придонес во филмската уметност, која ја доделува Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, годинава му припадна на македонскиот актер Мето Јовановски. Во чест на лауреатот на „Киненова“ ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ на Столе Попов. Оваа година „Киненова“ постхумно доделува и две награди за особен придонес во филмската уметност на актерите Сабина Ајрула Тозија и Љупчо Тодоровски-Упа.

- Театарот е основа. Но филмот е една магија која не се дава така лесно. Театарот за мене е основа. Тоа за мене е вистинската работа за еден актер. Филмот е во рацете на режисерот, а театарот нема други фактори. Во филм може да се случи некој од улица или дете да биде подобар од актерот, но во театарот не е така. Театарот го сакам отсекогаш, премногу го сакам, актерите му го посветуваат животот на театарот и сум имал можност да одиграм значајни улоги во театар и кај нас и во Сараево, Сплит, Црногорско народно позориште... - рече Јовановски.

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“  официјално ќе започне утре и ќе трае до 31 октомври. Свеченото отворање ќе се одвива во киното „Милениум“, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ на Стефан Арсенијевиќ, а другите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотеката на Македонија.

фото: ФБ-страница на „Киненова“


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура