X
 09.02.2019 Култура

Најочекуваните филмови за овој месец

Обично се смета дека јануари и февруари се месеци во кои нема многу премиери на филмови, меѓутоа, во последниве години ова и не е некое правило затоа што големите филмови секоја година почнуваат со премиери сѐ порано. Овој месец, на пример, се очекува премиера за двата најочекувани филма - едниот од нив го означува крајот на популарната трилогија, а раните рецензии покажуваат дека и двата филма ќе бидат исто толку успешни колку и нивните претходници. Во продолжение прочитајте што можете да очекувате овој месец.

1. „How to Train Your Dragon: The Hidden World“


Третиот и веројатно последниот дел од серијата „How to Train Your Dragon: The Hidden World“ се најде на првото место на листата направена од „Ротен Томејтос“ за најочекуваните филмови во февруари.

2. „The LEGO Movie 2: The Second Part“



„The LEGO Movie“ во 2014 година беше ризик што се исплати благодарение на неверојатната анимација, интересната смисла за хумор, фантастичното раскажување на приказни и заразната песна. Овој месец во „Ворнер брос“ повторно се обидуваат да успеат со истите актери: Крис Прат, Елизабет Бенкс и Вил Арнет и нови ликови во улога на Тифани Хадиш и Стефани Беатриз.

3. „Alita: Battle Angel“


Џејмс Камерон е фасциниран од јапонската манга „Battle Angel Alita“ прилично долго време. Пред речиси 20 години првпат се заинтересирал за адаптација во игран филм. Оваа година филмот добива и премиера. Од премиерата излегоа првите рецензии - и додека критичарите се поделени за самиот филм, повеќето фанови се воодушевени од специјалните ефекти.

4. „Velvet Buzzsaw“


Режисерот Ден Гилрој повторно се обединува со актерите Џејк Џилинхол и Рене Русо, кои глумеа во неговиот трилер „Nightcrawler“, за овој темен филм во продукција на „Нетфликс“. Џилинхол и Русо се уметнички критичар и сопственик на галерија кои стануваат заинтересирани за серија слики оставени од неоткриен уметник кој починал од мистериозна смрт.

5. „Cold Pursuit“


Филмот е римејк од норвешки филм од 2014 година наречен „In Order of Disappereance“. Во него глуми Лиам Нисон, кој се појавува како човек кој ги зема работите во свои раце кога неговиот син е убиен од локален дилер на дрога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура