X
 09.02.2023 Живот

Најбогатата држава во светот има повеќе работници отколку жители

На листата со 15 најбогати земји во светот се наоѓаат дури десет земји од Европа, а покрај Сингапур и САД, има и земји од Блискиот Исток.

Рангирањето на најбогатите земји во светот е направено врз основа на БДП според паритетот на куповната моќ по глава на жител (ППП). Бруто-домашниот производ (БДП) ја покажува вредноста на финалните добра и услуги произведени во дадена земја во една година, а за да се добие ППП, БДП се дели со просечниот број на жители во истата година.

Позната по високите примања и ниската стапка на невработеност, Луксембург повторно е прогласена за најбогата земја во светот. Има високо развиен банкарски сектор и е даночен рај за инвеститорите. Главниот фактор за високиот БДП на Луксембург е големиот број луѓе што работат таму, а живеат во соседните земји.

Луксембург има најниска стапка на невработеност во Европа во последните 40 години, а во 2005 година беше на 92. место на листата со најбогати земји на Светскиот економски форум.

Втората земја на листата е Сингапур, земја без природни ресурси, но многу поволна за странските инвеститори и глобален финансиски центар. Катар, еден од главните светски центри за извоз на нафта, минатата година беше соборен од третото место од страна на Ирска благодарение на ниските корпоративни даноци.

Листа со 15 најбогати земји во светот:

1. Луксембург
(население: 625.978; БДП по глава на жител: 131.045 евра)

2. Сингапур
(население: 5.850.342; БДП по глава на жител: 122.656 евра)

3. Ирска
(население: 4.937.786; БДП по глава на жител: 116.146 евра)

4. Катар
(население: 2.881.053; БДП по глава на жител: 105.130 евра)

5. Швајцарија
(население: 8.654.622; БДП по глава на жител: 78.909 евра)

6. Обединети Арапски Емирати
(население: 9.890.402; БДП по глава на жител: 72.941 евра)

7. Норвешка
(население: 5.421.241; БДП по глава на жител : 72.524 евра)

8. Соединети Американски Држави
(население: 331.002.651; БДП по глава на жител: 70.862 евра)

9. Брунеј
(население: 437.479; БДП по глава на жител: 69.861 евра)

10. Сан Марино
(население: 33.931; БДП по глава на жител: 65.374 евра)

11. Данска
(население: 5.792.202; БДП по глава на жител: 64.567 евра)

12. Холандија
(население: 17.134.872; БДП по глава на жител: 63.914 евра)

13. Австрија
(население: 9.006.398 БДП по глава на жител: 60.352 евра)

14. Исланд
(население: 341.243; БДП по глава на жител: 60.231 евра)

15. Андора
(население: 77.265; БДП по глава на жител: 59.279 евра)

Извор: Punkufer.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот