X
 13.02.2023 Живот

Која земја има најдобри, а која најлоши возачи?

Оваа листа е субјективна бидејќи е тешко да се измерат возачките вештини, но има некои трендови - свест во сообраќајот и сообраќајни опасности - што експертите од автомобилското осигурување „Компер д маркет“ ги зеле предвид.

За да ја состават листата со најдобри и најлоши држави според овој критериум, тие анализирале низа фактори, вклучувајќи ги законските ограничувања на алкохол во крвта, квалитетот на патиштата, статусот на темите за безбедност на патиштата на социјалните мрежи и бројот на загинати на патиштата.

Според листата од 50 земји, најбезбедните возачи во светот се во Јапонија.

Границата на алкохол во крвта е доста ниска, 0,03 g/dl, слично како Чиле и Чешка, а најпозитивно е расположението на социјалните мрежи кога се во прашање поимите поврзани со возењето (33,4 отсто).

возење
Фото: Compare the market

Јапонија го има и четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека генерално е многу безбедна земја не само за возачите, туку и за пешаците.

Осум од 10. најбезбедни земји се во Европа, а Холандија е најдобра од земјите од Европа, на второто место во светот.

Исто така, Холандија го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, веднаш зад Сингапур, а има и едно од најниските нивоа на смртни случаи во сообраќајот во светот, на 100.000 жители.

1
Фото: Compare the market

Од друга страна, Тајланд е прогласена за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе. Перу е претпоследнa земја, со четврто најлошо ниво на квалитет на патиштата.

Нашата земја не беше дел од истражувањето, а целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот