X
 20.06.2024 Живот

Во кои земји се највисоки бенефициите за невработеност?

Веб-страницата „Вижуал капиталист“ направи графикон во кој ги рангира земјите на ОЕЦД според нивното ниво на понудени бенефиции за невработеност. Ова се мери со процентот на претходниот приход од работа што едно лице би го заработило откако ќе биде невработено една година.

Пресметките се за една личност без деца, чии претходни заработувачки биле 67 отсто од просечната плата во секоја земја.

Луксембург се наоѓа на врвот на рангирањето на земјите на ОЕЦД според бенефициите за невработеност. Работниците во земјата можат да добијат 87 отсто од претходниот приход до цела година без работа.

Но, постојат одредби за добивање на овие пари. Ова вклучува лицето да биде способно и подготвено за работа, како и да биде регистриран во Националната агенција за вработување.

По разликата од 10 процентни поени, Белгија и Данска се наоѓаат на второто место со 78 отсто.

zemji
Фото: Visual Capitalist

Бугарија, Португалија и Швајцарија ги заокружуваат првите шест, сите поддржувајќи ги невработените со повеќе од 70 отсто од нивните приходи.

Овде вреди да се истакне дека пет од овие топ шест земји имаат некои од највисоките персонални даноци на доход во светот.

На другиот крај на рангирањето, работниците во САД и Унгарија добиваат само 9 отсто од нивните претходни приходи по една година без работа.

Во истражувањето немаше податоци за нашата земја.

Извор: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот