X
 09.03.2024 Култура

Нов документарец на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите

Гледачите на „Нетфликс“ велат дека не можат да заспијат откако го гледале новиот документарец за заговор.

Документарецот го следи вознемирувачкиот случај на Дени Касоларо, истражувачки новинар кој бил пронајден мртов во својата соба на 44-годишна возраст. Иако неговата смрт била прогласена како самоубиство, неговите најблиски велат дека тој бил убиен.

Ова доведе до теоријата на заговор наречена „Октопод“, која посочува дека Касоларо бил многу блиску до откривање  владини тајни.

Касоларо верувал дека мрачно тело било поврзано со шпионски софтвер, перење пари, а ова тело било предводено од корумпирани владини службеници.

Приказната била позната меѓу новинарите во текот на 80-тите кога имало спор помеѓу Министерството за правда и технолошката компанија „Инслау“.

Се чини дека несогласувањето било околу правата на интелектуална сопственост, но набрзо било откриено дека било нешто многу посериозно.

По многу истражувања, Касорело верувал дека открил скриена организација.

Летото 1991 година отишол во мотел каде што требало да го интервјуира клучниот извор за приказната, но потоа го пронашле мртов.



Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура