X
 29.05.2026 Живот

Што е најгледано на „Нетфликс“: На врвот документарец за осудена Американка за сообраќајна несреќа во која загинаа нејзиното момче и пријател

„Нетфликс“ ја објави топ 5 листата на моментално најгледани филмови, а на прво место се најде документарецот „Судирот“ (англ. The Crash), кој за две недели собра 39,3 милиони прегледи.

Минатата недела филмот имал 27,6 милиони прегледи. Режисер е Гарает Џонсон, а документарецот го обработува случајот на Мекензи Ширила, тинејџерка од Охајо осудена за сообраќајна несреќа од 2022 година во која загинале нејзиното момче Доминик Русо и пријателот Дејвион Фланаган.

Таа при брзина од 160 км/ч удрила во зграда. Преку комбинација од снимки од судница, интервјуа со луѓе поврзани со случајот и објави на социјалните мрежи, документарецот отвора расправа за однесувањето на тинејџерите, контролата и тоа што значи кога најдлабоките емоции и животи на една генерација се трајно документирани на интернет.

На второ место е анимираниот фантастичен филм „Заменети“ (англ. Swapped), со 16,1 милион прегледи во изминатата недела. Станува збор за приказна за две хибридни животни кои ги заменуваат телата, а гласовите им ги позајмуваат Мајкл Б. Џордан и Џуно Темпл.

 

Третото место го зазема „Прво дамите“ (англ. Ladies First), комедија со Саша Барон Коен во улога на маркетинг директор кој се буди во паралелен свет во кој жените имаат доминантна општествена и деловна моќ. Филмот има 11,9 милиони прегледи во изминатата недела.

Четврти е анимираната спортска комедија „ГОАТ“ (англ. GOAT), со 10,1 милион прегледи. Во центарот на приказната е младата коза Вил Харис, која сака да успее во спортот наречен „roarball“, животинска верзија на кошарка.

Петто место го зазема „Неверојатно паметни суштества“ (англ. Remarkably Bright Creatures), со 8,2 милиони прегледи во изминатата недела, филм базиран на бестселерот на Шелби ван Пелт за работничка во аквариум, Това (Сали Филд), и нејзиното необично пријателство со октоподот Марселус.

Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот