Во понеделникот актерот Метју Меконахи беше домаќин на виртуелна сесија на бинго за пензионерите [to живеат во старски дом во Остин.
50-годишниот Меконахи им приреди вистинска забава преку „Зум“ на пензионерите од домот.
Во видеото објавено на фејсбук-страницата на пензионерскиот дом „Раунд Рок“, Меконахи заедно со неговото семејство ентузијастички навива за победниците во бинго.
Ова не е првпат актерот да го користи „Зум“ во текот на изолацијата. Минатата недела
Метју Меконахи се појави на дигиталниот состанок на Универзитетот во Тексас, а на студентите им испрати порака: - Држете се!
Извор:
Consequenceofsound.net
Фото: Screenshot/Youtube