X
 28.12.2016 Живот

Словенија има работа и за пензионерите - во „Мекдоналдс“!

Светскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ кој во Словенија има 18 ресторани со повеќе од 800 вработени, од почетокот на идната година во некои свои ресторани во оваа земја, за прв пат ќе вработува пензионери.

 


2


Тие на пензионерите ќе им понудат поедноставни и полесни работни обврски, со работа до 60 часа месечно, колку што максимално дозволува законот.

На повикот да ја искористат можноста за подобрување на нивната финансиска состојба, најголем број пензионери се јавија од Марибор и Љубљана. Како што велат од ресторанот, целта на овој подвиг е да направат „семејна“ атмосфера во рестораните, каде претежно работат млади луѓе.

„Нема вистински семеен оброк без баба и дедо“, велат од „Мекдоналдс“ во Љубљана.

Тие на пензионерите им нудат едноставни и лесни задачи како што се бришење маси, носење пепелник и прибор како и разговор со гостите со цел да создадат семејна атмосфера.

Во јануари пензионерите ќе започнат со работа во три ресторани, но официјалните лица велат дека ќе продолжат со проектот и во други ресторани доколку тој се покаже успешен.

Според законот за регулиран пазар на труд, постарите граѓани од Словенија, легално можат да работат најмногу 60 часа во месецот, а бруто саатницата од работодавецот не смее да биде помала од 4.20 евра, додека годишниот бруто приход на привремена работа не смее да надминува 6.300 евра.

Бидејќи според статистиката пензионерите заедно со самохраните мајки и децата од семејства со еден вработен родител се една од ранливите групи изложени на ризик од сиромаштија, премиерот на владата Миро Церар, овие денови најави дека ќе донесе закон според кој пензиите за полн стаж не смеат да бидат пониски од 500 евра. Според статистичките податоци, во Словенија пензија пониска од 500 евра добиваат околу 20 отсто од пензионерите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот