Мислевте дека постарите луѓе не се модерни и кул? Запознајте се со бабичките кои се собираат за да цртаат графити низ Лисабон, Португалија. Освен тоа, тие држат работилници за графити за постарите жители од градот.
„LATA 65“ е работилница за урбана уметност која учи на основите од уличната уметност. Работилницата е наменета за постарите жители во повеќе населби низ градот. Досега, дел од работилниците биле повеќе од 100 пензионери.
Групата бабички самите ги прават боите со кои креираат уметност низ градот. Заедно со останатите улични уметници, групата носи боја во дотогаш монотоните населби.
Нивните графити најдете ги во галеријата.