X
 27.08.2021 Здравје

Поситните аеросоли содржат повеќе честички на коронавирусот, покажува истражување

Малите респираторни аеросоли можеби играат значајна улога во пренесувањето на коронавирусот Сарс-КоВ-2 кој ја предизвикува болеста ковид-19, велат истражувачи.

Честичките на коронавирусот најмногу може да се пренесуваат преку аеросолите од лице додека зборува или пее, велат истражувањето во ново истражување.

Според нив, аеросолите што се помали од 5 микрометри, кои се создаваат при зборување или пеење, содржат повеќе честички на коронавирусот отколку аеросолите кои се поголеми од 5 микрометри. Откритијата покажуваат дека треба да се намали изложеноста на помали аеросоли, особено во затворен простор во кој повеќе се шири коронавирусот.


Фото: Pixabay

Изложеноста на овие аеросоли може да се намали со носење маска, одржување физичко растојание, соодветна вентилација, подобро филтрирање на воздухот и технологија за чистење на воздухот, пишува Светскиот економски форум.

Претходни истражувања го мереле ширењето на коронавирусот преку количеството на честички во аеросоли, но ова е прво што го анализирало ширењето притоа споредувајќи ја големината на аеросолите кои се создаваат при дишење, зборување и пеење.

Во истражувањето биле вклучени 22 пациенти заболени со ковид-19 кои правеле тестови за ширење на вирусот преку дишење, зборување и пеење. Истражувачите откриле дека испуштањето вирусни честички многу се разликува помеѓу пациентите, па некои повеќе го ширеле вирусот зборувајќи отколку пеејќи.

Извор: World Economic Forum
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје