X
 10.12.2020 Живот

Сакал да ограби банка заканувајќи се дека ќе ги зарази вработените со Ковид-19

Виктор Хардли Кроли, 51-годишен жител на Џорџија, САД, се обидел да ограби банка велејќи им на вработените дека ќе ги зарази со Ковид-19, соопштија од канцеларијата на шерифот на округот Клејтон.

- Осомничениот не покажал оружје, но истакнал дека се тестирал и е позитивен на Ковид-19 и дека ако банката не му ги исполни барањата, ќе почне да ги заразува сите во филијалата. Откако вработените ја известиле полицијата, осомничениот избегал со празни раце - се наведува во соопштението.

Откако Кроли ја напуштил банката, полицијата го идентификувала како осомничен и го привела, па тој сега е в затвор.

Ова може да е интересен пример за тоа како коронавирусот, кој веќе предизвика економски хаос и зеде многу животи, може да стане оружје за ситен криминал. Исто така, ова ја илустрира врската меѓу економскиот стрес и ситниот криминал - Кроли им кажал на властите дека му биле потребни 2.000 долари за да си ги подмири сметките.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот