Во изминатите 24 часа во Македонија се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.
По градови, новозаразените се од:
- Скопје-22
- Куманово-4
- Прилеп-3
- Струга-3
- Велес-3
- Битола-1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.117, од кои активни се 929.
Вкупниот број на излекувани, пак, е 139.
-Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот - истакнуваат од Министерството.
Додаваат и дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ бил регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил позитивен на вирусот. Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.