X
 09.04.2022 Култура

Изгубената руска династија: Интересни факти за семејството Романови

По руската револуција во 1917 година, руското царско семејство било симнато од тронот и оставено на милоста на болшевичките војници. До јули 1918 година целото семејство било погубено.

Поминаа повеќе од 100 години од егзекуцијата на Романови. Сепак, светот и понатаму е фасциниран од семејството, нивните животи како кралски членови и нивните брутални убиства. Иако мистеријата за тоа што им се случило на Романови е решена, тие и понатаму ги интригираат луѓето.

Со владеење од над 300 години во Русија, династијата Романови била турбулентна.

1. Семејството ја формирало Руската Империја

По падот на династијата Рурик во Русија, во 16 век, аристократот Михаил Романов го презел тронот и станал првиот цар Романов на Русија. Како што рускиот престол поминувал низ рацете на семејството Романови, се формирала Руската Империја.

По Михаил Романов, неговиот внук, Петар Велики, во голема мера ја проширил територијата на Русија и помогнал да стане една од доминантните сили во светот. Во 1721 година Петар Велики ја зел титулата император на Руската Империја.

романов
Фото: Wikipedia

2. Крунисувањето на Николај Втори довело до трагедијата Ходинска

Иако требало да биде радосен повод, крунисувањето на Николај Втори, последниот цар на Русија, довело до трагедија. Всушност, неговото крунисување останало запаметено како трагедијата Ходинска.

Николај Втори станал цар на 14 мај 1896 година, а прославите биле одржани на полето Ходинска во Москва. Присуствувале многу луѓе, а сите очекувале да добијат бесплатна храна и сувенири. Но, се проширил зборот дека нема да има доволно храна и бесплатни подароци за сите присутни, па толпата излегла од контрола, при што во хаосот загинале повеќе од илјада луѓе.

3. Алексеј Романов ја имал „кралската болест“

Николај и неговата сопруга Александра имале само еден син. Алексеј бил најмладиот од петте деца и единствен наследник на тронот. Сега се знае дека момчето боледувало од болест наречена хемофилија, која го спречува нормалното згрутчување на крвта. Тоа значи дека по каква било повреда има прекумерно крвавење. Поради ова, Алексеј главно лежел во неговиот кревет.

Хемофилијата е наследна болест и ја имале многу роднини на кралицата Викторија, бабата на Александра. Поради ова, болеста понекогаш се нарекува и „кралска болест“.

alekseј
Фото: Wikipedia

4. Александра му била посветена на Распутин


Иако не бил дел од семејството, Распутин е познат и исто толку озлогласен како дел од кралското семејство. Мистериозен исцелител од едно сибирско село, Григори Распутин, успеал да се зближи со семејството преку Александра, која на многу начини му била посветена. Се смета дека таа верувала дека Распутин може да го излекува Алексеј.

Пред да биде убиено семејството, Распутин бил убиен во Санкт Петербург во палатата Јусупов, во 1916 година. Историчарите генерално прифаќаат дека зад неговото убиство стојат аристократи и други на кои не им се допаѓало неговото влијание врз кралското семејство.

rasputin
Фото: Wikipedia

5. Пред нивното погубување, семејството било во домашен притвор

Егзекуцијата на семејството Романови многумина ја паметат како особено брутален настан во руската историја. Сепак, тие не биле директно однесени на нивната егзекуција.

На почеток, семејството било протерано во Сибир, каде што живеело во домашен притвор. Потоа биле преместени во Екатеринбург, каде што биле чувани во трговска куќа позната како куќата Ипатиев. Ова ќе стане место на нивното погубување неколку месеци подоцна, во јули 1918 година.

6. Скапоцените камења на нивната облека спречиле веднаш да умрат


Романови биле убиени во подрумот на куќата Ипатиев, каде што биле застрелани од стрелачки вод. Но, не сите починале веднаш затоа што некои од членовите сошиле накит во облеката верувајќи дека ќе бидат ослободени за да го започнат животот без ништо. Иако ова ги спасило од првата рунда куршуми, не им помогнало. На крајот, преживеаните членови на семејството биле убиени со бајонети.

7. Биле погребани во необележани гробови


По нивното погубување, семејството било фрлено во рудник. Но, сакајќи целосно да ја уништат секоја трага од нивните останки, војниците ги закопале во масовна необележана гробница, полевајќи ги со киселина. Биле откриени 70 години подоцна, во 1991 година. Бидејќи биле пронајдени само посмртните останки на Николај, Александра и трите ќерки, долго време се верувало дека Алексеј и една од сестрите можеби избегале. Сепак, овие останки биле пронајдени во втор гроб во близина, во 2007 година.

8. Жени навистина се преправале дека се Анастасија

Долго време луѓето верувале дека Анастасија ја избегнала ужасната судбина. Низ годините, неколку измамнички тврделе дека се изгубената принцеза, феномен што е прикажан и во анимираниот филм „Анастасија“ од 1997 година.


4
Николај Втори со неговиот братучед Џорџ V/Фото: Wikipedia

9. Биле далечни роднини со британското кралско семејство


Иако Русија и Британија се километри оддалечени, двете кралски семејства имале далечни роднински врски. Англиската кралица Елизабета Втора е внука на Џорџ V, кој бил внук на кралицата Викторија. Мајката на Џорџ V и мајката на Николај Втори, Александра од Данска и Марија Фјодоровна од Русија, биле сестри. Така, кралот Џорџ V и Николај II биле први братучеди. Интересно е тоа што двајцата кралски членови имале неверојатна сличност.

10. Случајот Романови не е затворен


Иако посмртните останки на семејството Романови биле откриени и тие биле прогласени за светци во 2000 година, случајот останува отворен. Руската православна црква официјално го отвори во 2015 година со цел да се потврди идентитетот на посмртните останки.

Иако повеќето од членовите на семејството се погребани, коските на Алексеј и на една од неговите сестри допрва треба да бидат погребани кај остатокот од семејството. Преживеаните роднини на семејството тврдат дека семејството заслужува заедно да почива во мир и дека посмртните останки не треба повеќе да бидат предмет на тестирање.

Извор: Thetravel.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура