Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува на 3 мај и тоа е повод да им се честита на новинарите и на медиумските работници, но и можност да се укаже на важноста за слободна работа на медиумите, да се осврнеме на состојбата со медиумските слободи и да се објави Индексот на слобода на медиумите. Каква е всушност состојбата во медиумите?
Според податоците на Комисијата за заштита на новинарите, во последната деценија се убиени, затворени или исчезнати 3.088 новинари и медиумски работници. Сите настрадале додека ја вршеле својата работа.
Новинарството секој ден станува сѐ поопасна работа, и поради известувањето од конфликтни жаришта во светот и поради зголемената агресија врз новинарите во вид на закани, навреди и физички напади. На новинарите им се суди, се замолчуваат со пресуди и казни, апсења, полициско насилство и со претреси. Се казнуваат за клевета и засрамување, додека системите укажуваат на важностa на слободата на изразувањето и значајната улога која медиумите ја имаат во изградбата и зачувувањето на демократското општество.
Светскиот индекс на медиумски слободи на организацијата „Репортери без граници“ (RSF), кој секоја година ја анализира ситуацијата во 180 земји и територии, покажува дека во многу држави е присутна атмосфера на страв, за што придонесува и анимозитетот на политичарите кон новинарите. Освен Словенија, сите земји од регионот на оваа скала се наоѓаат меѓу 63. и 104. место, што е показател на вистинската состојба со медиумските слободи.
На овој негативен тренд не се имуни ниту европските и демократски земји, за што се доказ низата убиства на новинари чии сторители во повеќето случаи се непознати. Меѓу новинарите што се убиени од 2017 година до денеска се Лира Меки, Џамал Кашогџи, Викторија Маринова, Јан Кучиак и Дафне Каруана Галиција…
И во текот на 22 години работа на „Ал Џазира“, 11 новинари се убиени, многу се затворени, а стотина вознемирувани. Нивните платформи беа изложени на кибернетички напади, а се бараше и нивно згаснување. Новинарот Махмуд Хусеин е притворен во Египет, каде што е задржан повеќе од 800 дена без обвинение, судење или пресуда, спротивно на египетското и меѓународното право.
Сето ова беше повод за краток промотивен спот на „Ал Џазира Балканс“, кој симболично укажува на глобалните закани на слободата на медиумите.
Во едноминутниот спот, во кој главната улога ја игра Арбен Бајрактарај, француски актер со албанско потекло, се прикажува денешната позиција на медиумите како заложници на системот и на центрите на моќ.
„Ал Џазира Балканс“ потсетува – на новинарите мора да им се обезбеди право на слободна работа. Затоа што новинарството не е злосторство.
#слободанамедиуми
Извор:
маркетинг365мк