X
 26.02.2017 Живот

Со каков отров е убиен Ким Џонг Нам?

Забранетата хемикалија „VX“, која некои експерти ја сметаат за најлошата од сите нервни гасови на светот, има конзистенција на моторно масло, во животната средина останува со недели, а и најмалата капка предизвикува болна смрт.


Малезија објавила дека дисидентот Ким Џонг Нам, полубратот на Ким Џонг Ун, убиен е со нервниот отров „VX“.

Но, се поставува прашањето како е можно да преживеат двете жени кои го нападнале Ким Џонг Нам, ако таа супстанца е толку јака. Се поставува и прашањето зошто аеродромот не ја објавил специјалната деконтаминација заради општата безбедност, земајќи предвид дека честичките со недели остануваат во животната средина.

Трестрејл, кој во текот на кариерата истражил повеќе од илјада случаи на труење, рекол дека само пет грама од „VX“, апсорбирано преку кожа е доволно да убие 500 лица. Тој и други експерти истакнале дека е неопходно резултатите од обдукцијата да ги потврди независна лабораторија.

„VX“, е забранета сусптанца со конвенцијата на ОН за хемиско оружје. Прв пат е произведена во 50-те години, нема мирис и вкус. Кога се вдишува или апсорбира преку кожа влијае на нервниот систем и предизвикува зголемување на секретот во грлото, што доведува до тешкотија во дишењето. Течностите течат надвор од телото, како потта, урината, а потоа доаѓа до смрт.

Полицијата соопштила дека Ким Џонг Нам барал помош на клиниката на аеродромот, а потоа починал на пат кон болница, два часа откако бил нападнат. Противотровот, атропин, може да биде вбризган како дел од опремата на медицинскиот персонал во воени зони во кои постои сомневање за употреба на оружје за масовно уништување.

Сепак е чудно што ниту еден од лицата кои дошле во контакт со Ким Џонг Нам, ниту пак оние кои потоа поминале на аеродромот во Куала Лумпур не се разболеле. Надлежните на аеродромот истакнале дека ќе го деконтаминираат десет дена по наводниот обид за убиство.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот