Многумина велат дека Америка е слободна земја. Но, што е всушност слободата и што значи да се биде слободен. Во продолжение ќе погледнете 4 видеа од „Би-би-си Радио 4“ во кои се објаснува ова прашање од 4 различни перспективи.
Слободата е добра, но безбедноста е подобра, вели нараторот, сумирајќи го погледот на филозофот од 17 век - Томас Хобс, кој замислувал живот без влада, закони. Решението, според него, доаѓало во форма на социјален договор за поставување силен лидер за да го одржува мирот.
Филозофот Џон Стјуарт Мил од 19 век слободата ја нарекувал штетен принцип, а значењето на тоа е дека државата, соседите и сите други треба да ја остават индивидуата да го живее животот како што сака, сè додека индивидуата во текот на процесот не наштети никому.
Сега живееме во свет на војни, морално зло, тортура, убиства и други акти на насилство. Исто така, се случуваат и низа природни катастрофи, климатски промени, сиромаштија, поплави, глад и земјотреси. Тука се поставува големото филозофско прашање кое со векови се дебатира – ако светот е создаден од Бог, кој е добар, зошто тој Бог дозволува да се случуваат лоши нешта?
Од друга страна, се потенцира и можноста за слободна волја, која Бог му ја дал на човекот, па сето она што се случува можеби е само последица на човековото однесување. Во еден експеримент спроведен од неврологот Бенџамин Либет се покажало дека мозочната активност која иницира движење всушност се случува пред индивидуата да помисли дека ќе одлучи да го направи тоа движење. Во врска со темата
слобода, се поставуваат низа прашања, кои за жал уште не се одговорени, туку се даваат одредени претпоставки и гледишта.