X
 09.05.2019 Живот

Ова е најдобрата песна за пеење додека возите

Пеењето додека возите е една од универзалните работи што се заеднички за сите луѓе. Кој не ужива во тоа да пее во текот на заморното возење?

Едно истражување спроведено на 2.000 британски возачи за тоа кои песни најмногу сакаат да ги пеат додека возат покажа дека песната „Bohemian Rhapsody“ на групата „Квин“ е најчестиот избор на возачите. Ова не е никакво изненадување со оглед на тоа што станува збор за песна што го подигнува расположението и песна што сите ја знаат. Плус, прилично е долга.

Другата песна е „Dancing Queen“ од групата АББА, па „Livin' on the Prayer“ од Бон Џови, „I'm Gonna Be (500 miles) од „Проклејмерс“ и на петтото место се најде „Eye of the Tiger“.

Освен тоа, возачите уживаат да ја пеат „Walking on Sunshine“, „Wake Me Up Before You Go Go“, „Happy“, „Girls Just Wanna Have Fun“ и „I Gotta Feeling“. Во истражувањето е откриено дека сите песни што се најдоа на првите 10. места имаат пет заеднички работи што веројатно се причина зошто возачите толку ги сакаат: јасна структура, ритам, хармонија, стихови и рефрен.

Ритамот на сите високопласирани песни е сличен на срцевиот пулс, сите хармонии се вртат околу три или четири акорди, структурата на песната е логична. Сите стихови се едноставни со пораки што ги сфаќаме, а рефрените лесно се помнат. Но, експертите за сообраќај имаат предупредување.

Музиката помага во испуштање на хормонот за среќа допамин, а истовремено поттикнува одлетување на мислите и предизвикува емотивна реакција поврзана со одредена песна.

- Музиката може да го подобри расположението на начин како што може и ниското ниво на алкохол или дрога, па може и да ја намали концентрацијата при возењето - вели сообраќајниот психолог Томас Вагнер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот