Да се биде претседател на САД е голема одговорност. Но, со одговорноста се добиваат и многу поволности, како специјални услови за патување, јадење, па дури и за погребот.
Специјален авион
Претседателот патува со стил во специјален огромен авион кој може да се полни додека лета. Ресторанот во авионот може да нахрани 100 луѓе истовремено, а авионот има механизми за спречување напади. Се трошат околу 200.000 долари за еден час летање со овој авион.
Фото: Pixabay
Специјален хеликоптер
Претседателот на САД користи и специјален хеликоптер кој оди секаде каде што оди претседателот. Хеликоптерот може да го спаси претседателот во итни случаи, а само четворица пилоти годишно добиваат дозволи за управување на хеликоптерот. Леталото може да функционира дури и доколку едниот мотор не работи.
Специјални автомобили
Кога користи автомобил, претседателот е придружуван со група идентични автомобили кои се дизајнирани од американските тајни служби. Автомобилите се отпорни на куршуми и бомби. Сегашниот претседател Доналд Трамп наскоро ќе добие нови верзии на автомобилите.
Специјална куќа
Уште од времето кога претседател на САД бил Џон Адамс, американските претседатели живееле во Белата куќа. Во куќата има водоводен систем од 1833, централно греење од 1837 и лифт од 1881. Таа била изградена за 232.372 долари во 90-тите години на 19 век и во неа има 142 соби.
Фото: Pixabay
Надоместоци по завршувањето на мандатот
Државата е задолжена да им исплаќа на поранешните претседатели доволно пари за да ги покријат трошоците за патување и работа. Поранешните
претседатели добиваат и пензија. Четирите претседатели пред Барак Обама примиле годишни пензии во износ од 205.700 долари до 2016. Во 2017, Барак Обама добил 207.800 долари.
Фото: Pixabay
Дом во природа
Секој претседател уште од времето на Френклин Рузвелт имал пристап до викендица на планина. Во куќата има вежбалница, базен и хангар. Секоја ноќ што претседателот ја минува во куќата чини 711.000 долари.
Послуга
Во Белата куќа живеат и работат речиси 100 лица, меѓу кои и чистачки, готвачи, батлери итн. Обезбедувањето на претседателот е составено од членови на тајните служби. Буџетот на безбедносната агенција во 2017 изнесувал 1,9 милијарда долари.
Личен готвач
Во 2005 г. Кристета Комфорд стана првата жена што била најмена да биде главен готвач во Белата куќа. Се смета дека главниот готвач во Белата куќа заработува помалку од 100.000 долари годишно.
Приватно кино
Претседателите што сакаат да гледаат филмови имаат среќа бидејќи во Белата куќа има киносала со 51 место. Френклин Рузвелт бил претседателот по чија иницијатива било направено киното.
Куќа за гости
Кога претседателот има гости, тие престојуваат во куќата која е направена за таа намена. Во куќата има 120 соби и се вработени 18 луѓе.
Државен погреб
Претседателите на САД добиваат државен погреб кога ќе починат. Настанот трае од 7 до 10 дена. Кога Роналд Реган починал во 2004 година, само неговиот ковчег чинел 14.000 долари.
Автор: Ендру Лиса
Извор:
gobankingrates.com