Во извештај од американскиот Конгрес пишува дека сите неидентификувани летечки објекти (НЛО) немаат човечко потекло. САД имаат издвоено финансии во буџетот за претстојната година да ги истражуваат овие НЛО.
Истражувачот Даглас Џонсон забележал нешто во извештај од американскиот Конгрес што би можело да биде првото признавање од американската Влада дека некои НЛО немаат човечко потекло. Станува збор за извештај од Пентагон од 2021 година во кој се пишува за над 100 случаи на НЛО што биле истражени.
Во извештајот пишува дека се потребни повеќе финансии и време за да се истражи феноменот кој не може да се објасни во моменталните научни модели. Минатата година излезе и видео од НЛО за кое Пентагон потврди дека е автентично.
Во извештајот стои и дека експоненцијално расте бројот на закани од направи кои може да се движат во вода, воздух и во вселената на начини кои луѓето не ги разбираат.
Во јули Пентагон отворил нова канцеларија за истражување на ваквите закани, а американскиот Конгрес сака да ги разликува оние НЛО што имаат човечко потекло од оние што немаат. Според Марик фон Рененкамф, поранешен вработен во Пентагон, се чини дека сега има став помеѓу членовите на американскиот Сенат дека некои случаи на НЛО немаат човечко потекло. Затоа, Владата вложува во истражување на потеклото на овие НЛО.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay