Нова документарна серија на „Нетфликс“ има рејтинг од 100 отсто на „Ротен томејтос“, што значи дека сите оцени за неа се позитивни. Станува збор за „Топење: остров Три Милји“ (англ: Meltdown: Three mile island), која ја истражува најлошата нуклеарна несреќа во историјата на САД.
Серијата ги следи настаните од 28 март 1979 година кога вентилот за притисок не успеал да се затвори во одделот 2 и дел од јадрото се стопил во реакторот. Несреќата се случила во Пенсилванија.
Во серијата настаните се раскажани од главниот инженер Ричард Паркс, како и од други луѓе што сведочеле за несреќата. Несреќата била проценета на ниво 5 од вкупно 7 на скалата за меѓународни нуклеарни несреќи.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)