X
 09.05.2024 Живот

Уште од градинка го викаат динамит - бурно реагира на секоја неправда и си наоѓа оправдување за неговата реакција... Како да го смириме?

Син ми има 7 години и е второ одделение, но уште од градинка си го носи епитетот динамит. Да појаснам, многу бурно реагира на каква било неправда, вербална навреда или физичка повреда, намерна или ненамерна, без разлика дали му се случува нему или на некое другарче. Поради неговото бурно реагирање, кое може да биде и со поголем интензитет, ситуацијата многу често ескалира. На пример, девојче од иста возраст го задевало со правење фаци и кривење, па тој станал и ја удрил по рамото. Оваа конкретна ситуација ми беше претставена од учителката, а исто и од син ми, кој за среќа знае убаво да ја објасни ситуацијата и да си ја оправда неговата реакција дека била праведна. Инаку, кога тргна прваче, минатата година, уште во првиот месец се здоби со физичка повреда на окото од страна на соученик. Го лекувавме окото околу 2 месеца, меѓутоа, почнаа да му се јавуваат вртоглавици. Ве молам дајте ми насоки!

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот