X
 05.03.2024 Живот

Има 12 години и не се однесува како неговите врсници, зборува поинаку, дозволува секој да го малтретира... Како да му помогнам?

Син ми има 12 години и воопшто не се однесува како неговите врсници. Зборува поинаку, не знае да разговара соодветно со негови врсници, нема другари… често беше изложен на булинг во училиштето, за што навреме реагиравме. Дозволува секој да го малтретира, не знае да се одбрани и нема самодоверба. Кога учи нешто што го интересира, се фиксира само на темата и станува многу спремен за неа. Вниманието му трае некое време, а потоа преминува на друга тема и сѐ така во круг. Шета во круг кога е вознемирен, не сака да оди на училиште, вели дека има дете од друг клас кое му покажува фашистички работи, а тој се плаши од фашисти (тоа е темата на која е фиксиран моментално, историја и географија). Како одеднаш да прави промена во однесувањето – денес е супер, сѐ е нормално, утре во одреден момент влегува во тоа расположение на заговори… Ве молам помогнете ми, мислам дека навистина на син ми му треба детален преглед, загрижена сум за неговото ментално здравје и за неговата безбедност.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот